Багдад и воената коалиција предводена од Вашингтон ги продолжија разговорите за тоа како да се намали бројот на воени единици стационирани во Ирак со години за да се спротивстават на групата Исламска држава.
Во последниве недели, САД почнаа одмазднички напади во Ирак и Сирија, при што во еден од нападите беше убиен висок командант на моќната група Катаиб Хезболах, за која Вашингтон вели дека е одговорна за убиството на американски војници во регионот.
Во август, Ирак и САД се согласија да започнат преговори за повлекување на коалициските сили од земјата.
Во соопштение на ирачката влада, објавено на социјалната мрежа X, се наведува дека во моментов има околу 2.500 американски војници во Ирак и оти нивното повлекување ќе биде приспособено на безбедносната ситуација во областа, како и на можностите на ирачките вооружени сили.
Со продолжувањето на консултациите ќе продолжи да се трасира патот кон нови билатерални односи, сè додека „не се наруши мирниот тон на преговорите“, се вели во соопштението на ирачките власти.