Илустрација/Фото: Пиксабеј

Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи.

Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, јасно ѝ стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење, доколку остане во сила данокот на главната рута за увоз на гас во Унгарија – се вели во соопштението на Министерството, цитирајќи го унгарското Министерство за надворешни работи и министерот Петер Сијарто.

– Јасно им ставивме до знаење на Бугарите дека ако нивната одлука опстојува, односно ако долго време ја загрозуваат безбедноста на унгарското енергетско снабдување, ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген – рече Сијарто.

Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година.

Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак не успеаја да се приклучат на Шенген зоната и покрај нивните напори.