Според податоците на EMSC, во текот на вчерашниот ден и утринава во Турција и Сирија се регистрирани повеќе од 450 земјотреси.
Oд нив, 31 биле со магнитуди поголеми од 5 степени според Рихтеровата скала, а 183 биле посилни од 4 степени според Рихтеровата скала.
Пет биле со магнитуда од 6 или поголема според Рихтеровата скала.
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.000, а десетици илјади се повредени. Земјотресите зад себе оставија илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарас на југоисток. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.