Силниот ветар турна дрвја во општината Гази Баба

Силниот ветар што деновиве интензивно дуваше во главниот град предизвика големи проблеми за скопјани.
Во населеното место Гоце Делчев во Автокоманда, како последица на ветрот, паднаа голем број дрвја, кои, за среќа, не повредија никого од минувачите, а и не предизвикаа поголеми материјални штети. Блокирани беа велосипедски и пешачки патеки. Екипите на ЈКП Гази Баба ги отстрануваа паднатите дрвја и гранки за непречено движење на велосипедистите и пешаците.