Над 120 луѓе доживеаја срцев удар во стампедо што се случи во Јужна Кореја за време на прославата на Ноќта на вештерките.
Во инцидентот има и над 100 повредени.
Претставникот на противпожарната служба Чои Чеонсик изјави дека според некои извештаи, околу 100 луѓе биле повредени во стампедото во населбата Итаевон.
Голем број луѓе се собраа за време на прославата на Ноќта на вештерките во централниот кварт на Сеул. Локалните медиуми посочуваат дека причина за стампедото било тоа што позната личност посетила бар во Итаевон.