Се стравува дека повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и деца, ги загубија животите откако нивниот брод потонал во немирното море крај јужна Италија во неделата. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал околу 200 луѓе, доживеал несреќа додека се обидувал да пристигне во близината на градот Кротоне. Крајбрежната стража соопшти дека 80 луѓе биле пронајдени живи, вклучувајќи и некои што успеале да стигнат до брегот по потонувањето, што значи дека многу други остануваат исчезнати.
Италија е една од главните дестинации за пристигнување на мигрантите што се обидуваат да влезат во Европа преку морски пат, при што многумина сакаат да се упатат во побогатите северноевропски држави. Но за да успеат, тие мора да ја поминат најопасната мигрантска маршрута во светот. Според мониторинг-групите, повеќе од 20.000 луѓе загинале или исчезнале на море во централниот дел на Средоземно Море од 2014 година.


Зголемен бран на нелегални имиграции во Италија

Стравотниот бродолом на мигрантски брод кај јужна Италија не одврати нови „бранови мигранти“ и илјадници луѓе што се решаваат да го минат Средоземно Море во потрага по подобар живот во Европа