Фото: Пиксабеј

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ја предупреди Кина дека ќе биде изолирана доколку ја поддржи Русија во воениот конфликт против Украина.

Тој му рече на високиот кинески дипломат Јанг Џичи дека Пекинг може да се соочи со економски казни и глобална изолација доколку и помогне на Русија.

На повеќечасовниот состанок во Рим, американските претставници ги информирале сојузниците на НАТО и на некои азиски земји дека Кина дала сигнал дека е подготвена да ѝ помогне на Русија воено и економски во војната, тврдат американски дипломати.