Хеликоптер со тричлен екипаж и 19 патници исчезна на источниот руски полуостров Камчатка, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија.
Хеликоптерот Ми-8Т полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, но потоа изгубил контакт.
– Во тек е операција за пребарување и спасување, чија цел е да се утврди локацијата на леталото, објави меѓурегионалното одделение за сообраќај на Истражниот комитет на Русија на својот профил на Телеграм – пренесува ТАСС.
Надлежните почнале истрага за нарушување на безбедноста и работењето на воздушниот транспорт.