Русија го блокирала пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник – јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор.

Барањето за блокирање на пристапот до „Билд“ во Русија дошло од канцеларијата на Главниот руски обвинител, а државниот регулатор „Роскомнадзор“ го одобрил барањето и го спроведе – пренесуваат руските меидуми.

-„Билд“ деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, и на германски и на руски јазик. Одлуката на руските цензори да го блокираат нашиот портал потврдува дека нашите новинари работат на промоција на демократијата, слободата и човековите права – изјави уредникот на „Билд“ Јоханес Боја за Си-Ен-Ен.

– Нивната одлука дополнително не мотивира да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да добиваат вести и факти независни од руската државна пропаганда – додаде тој.