Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.

– Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот – соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од „Укринформ“.

Денисова уште тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.

Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери