Фото: Илустрација/ Пекселс

Вкупно 281 осуденици побегнаа од затвор во североисточниот нигериски град Мајдугури. Тие успеале да побегнат откако затворскиот ѕид се урна поради големите поплави.

Помеѓу избеганите затвореници има и членови на исламистичката милиција Боко Харам. Мајдугури е главен град на државата Борно, каде Боко Харам напаѓа цивилни и воени цели од 2009 година.

На 10 септември обилните дождови предизвикаа пукање на брана и беа поплавени големи делови од градот Мајдугури.

Целиот регион Сахел во Северна Африка, каде што се наоѓа Нигерија, во моментот е погоден од поплави по обилните дождови. Според податоците на ОН, околу половина милион луѓе во регионот се раселени, а над 300.000 домови се уништени во надојдената вода.