Повеќе од седум милиони деца се загрозени по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), и изрази стравување дека настрадале неколку илјади деца.
– Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца – рече анонимен портпарол на УНИЦЕФ на редовната прес-конференција во Женева.
Во Турција и Сирија загинаа над 37.000 луѓе.