Фото: Пиксабеј

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса. Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата.

Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири.