фото: Нова Македонија

Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.

– Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите – рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.

Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата.