Фото: МНР на Белорусија

Размената на затвореници меѓу Украина и Русија е една од опциите во преговорите меѓу двете страни, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој додаде дека Украина е подготвена да преговара со Русија во секое време.

Подољак истакна дека во текот на денот ќе биде разјаснета ситуацијата околу хуманитарните коридори.

Според него, третата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да се одржи на 5 или 6 март.