Фото: Принт-скрин

Дел од проектил паднал во дворот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави Сергиј Никифоров, портпарол на шефот на државата, пренесува МИА.

Тој објави две слики на кои наводно се гледа дел од ракета во дворот на вилата во Конча-Заспи, во јужниот дел на Киев.

Никифоров истакна дека Зеленски реагирал со само еден збор: „промашување“.