Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за тоа како да се дојде до деескалација на украинската криза.

– Ќе одговорам ако се јави Путин. Затоа што чувствувам дека тоа е моја должност. И ќе слушам што ми предлага. Од една страна, мора да ѝ дадеме сè на Украина, таа треба да ги подобри одбранбените капацитети, но од друга страна мора да работиме на деескалација. Мора да постигнеме траен, праведен мир. Ако случајно Путин понуди нешто, ќе ги слушам неговите предлози – рече Макрон.

Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да соработува со Париз доколку Франција покаже интерес. Макрон рече дека Париз и неговите сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно.