За разлика од соседна Германија, Франција сè уште се потпира на нуклеарните централи. Најстарата француска нуклеарна централа во Фесенхајм, во провинцијата Алзас, е затворена во 2020 година, а се размислува за изградба на уште 14 единици, можеби и повеќе. Истовремено, Париз сака да го продолжи работниот век на 32 од 56-те централи од 40 на 50 години доколку се исполнат безбедносните услови
Франција се подготвува да пушти во употреба нова нуклеарна централа
Франција се подготвува да пушти во употреба нова нуклеарна централа, со задоцнување од 12 години и речиси трипати повисоки трошоци, со цел да го зголеми капацитетот за производство на електрична енергија и да ги постигне целите за заштита на климата.
Државната енергетска компанија ЕДФ соопшти дека надзорното тело за нуклеарни централи ги одобрило последните подготвителни чекори за почеток на работа на новиот нуклеарен реактор во Фламанвил на Ла Манш. Во наредните недели се очекува почеток на полнење на електроцентралата со нуклеарно гориво, а во текот на летото на електричната мрежа треба да се приклучи реакторот за вода под притисок.
Изградбата на контроверзниот реактор започна во 2007 година и требаше да биде завршена во 2012 година. Завршувањето е одложено за 12 години поради протекување на шевовите во челичната обвивка. Трошоците се искачија на 12 милијарди евра, од првично планираните 3,3 милијарди евра.
За разлика од соседна Германија, Франција сè уште се потпира на нуклеарните централи. Најстарата француска нуклеарна централа во Фесенхајм, во провинцијата Алзас, е затворена во 2020 година, а се размислува за изградба на уште 14 единици, можеби и повеќе. Истовремено, Париз сака да го продолжи работниот век на 32 од 56-те централи од 40 на 50 години доколку се исполнат безбедносните услови.
Франција сè уште е најголем производител на нуклеарна енергија во Европската Унија и втор во светот, по Соединетите Американски Држави. Во исто време, Французите исто така сакаат да го зголемат капацитетот за производство на електрична енергија од обновливи извори, особено во офшор ветерни електроцентрали.