Фото: Принтскрин

Петмина полицајци се убиени, а двајца други ранети во северозападен Пакистан во напад врз нивното комбе.

Полицијата соопшти дека напаѓачите прво фрлиле бомба кон полициското комбе, а потоа пукале во полицајците.

Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Поради денешните парламентарни избори што се одржуваат во Пакистан полициски службеници беа распоредени во областа Дера Исмаил Кан.

Неколку илјади полицајци, како што се наведува, се распоредени за гарантирање на безбедноста низ целата земја.