Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија за шпионажа во корист на Русија, јавуваат светските агенции, пренесе БТА.
Тројца мажи и две жени, на возраст од 29 до 45 години, се обвинети дека меѓу август 2020 година и февруари годинава заговарале „собирање информации наменети директно или индиректно да бидат корисни за непријателот, со цел што им штети на безбедноста и интересите на држава“, според британското обвинителство.
Во јули тројцата веќе се појавија пред суд по овие обвиненија, потсетува ДПА.
Петмината Бугари беа уапсени од антитерористичката единица на лондонската полиција во февруари. Нивниот случај ќе биде сослушан во судот на Вестминстер на 26 септември.