Фото: Пиксабеј

Повеќекилометарскиот конвој руски воени возила надвор од украинската престолнина Киев се дисперзира на повеќе места, но тоа не значи дека заминува, според американската влада, јави ДПА.

Некои возила излегоа од патот и се паркираа меѓу дрвјата, изјави висок претставник на американската одбрана на анонимен брифинг од Пентагон.

– Тие не одат никаде. Не е како да скршнале од патот до Киев, но веруваме дека се преселиле во дрворедите за да се обидат подобро да ги маскираат возилата бидејќи повторно, Украинците изнаоѓаат начини… за напад на возилата – рече службеникот.

Пентагон не можеше да даде детали за тоа колку Киев опколен. Руските војници напредуваа во и околу предградијата на главниот град, но на други места тие се подалеку, пренесува ДПА.