Тој предложи на 26 јануари да се одржи Ден на молитва за мир
За време на неговото традиционално неделно обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциск повика на молитви за мир во врска со ситуацијата во Украина.
-Со голема загриженост ги гледам растечките тензии кои се закануваат да зададат нов удар врз мирот во Украина и да ја доведат во прашање безбедноста на европскиот континент-рече папата.
Тој предложи на 26 јануари да се одржи Ден на молитва за мир.