Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека „има нуклеарно оружје“ за сите земји кои би сакале да се приклучат на унијата на Русија и Белорусија, пренесе „Ројтерс“.

Во интервју емитувано на руската државна телевизија, Лукашенко, најголемиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека мора да се разбере дека Минск и Москва имаат единствена можност да се обединат.

– Никој не е против фактот Казахстан и другите земји да имаат исти блиски односи како што ги имаме ние со Руската Федерација. Ако некој е загрижен, работата е многу едноставна: Нека се приклучи на сојузот на државите Белорусија и Русија, и тоа е се. Ќе има нуклеарно оружје за сите – рече Лукашенко, додавајќи дека тоа е негов став, а не на Русија.