Фото: ЕПА

Трката за трошење средства од фондовите на Европската Унија пред истекот на рокот покажува дека е зголемен бројот на земји што погрешно ги потрошиле парите, соопштија од финансискиот надзорен одбор на ЕУ. Истрагите за 196 милијарди евра исплатени од буџетот на ЕУ во 2022 година открија дека постојат неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе во однос на три отсто една година порано, се наведува во извештајот на Европскиот ревизорски суд (ЕЦА)

Европскиот ревизорски суд (ЕЦА) во својот нов извештај откри дека финансиски
средства на ЕУ сѐ повеќе се злоупотребуваат

Во анализата на реномираниот медиум „Политико“ се открива еден интересен однос за тенденцијата и поведението на членките на ЕУ во однос на фондовите со средства на ЕУ. Имено, во извештајот на Европскиот ревизорски суд (ЕЦА) цитиран во „Политико“ се тврди дека во направената ревизија во врска со 196 милијарди евра исплатени од буџетот на ЕУ во 2022 година, постојат неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе во однос на три отсто една година порано!

Мошто администрациите во земјите-членки на
Унијата се под притисок побрзо да ги потрошат
парите од фондовите на ЕУ

Земјите можат да бараат исплата во рамките на претходниот буџетски циклус до крајот на годинава, додека парите од фондот за заздравување по пандемијата мора да биде потрошен до 2026 година.
– Администрациите во земјите-членки ќе бидат под многу силен притисок побрзо да го потрошат парите. Овој пат проблемот е што има многу повеќе пари што треба да се потрошат во краток период – изјави Тони Марфи, претседателот на ЕЦА.
Тоа, според него, го зголемува ризикот од грешки или од неоптимални проекти или, во најлош случај, и од „измама“. Ревизорите открија проблем во 11 од 13 гранта за заздравување по пандемијата исплатени во 2022 година, во износ од 47 милијарди евра. Грешките забележани во редовните програми на ЕУ се однесуваа од тврдењата за неприфатливи трошоци до лошо работење на ЕУ и националните правила за набавка и државна помош, како и за сомневање за измама во 14 случаи.

Сѐ повеќе измами за користење на парите од фондовите на ЕУ

Во еден случај земјоделец во Италија побарал субвенција за парцела за која тврдел дека има стебла од лимон, но ревизијата констатирала дека таму немало садници.
Во однос на фондот за заздравување, ревизорите открија дека во 15 од 281 проект за кои се исплатени грантови за заздравување не биле исполнети условите на задоволувачки начин или не биле квалификувани за финансирање.
– Ние тврдиме дека сите исплати во 2022 година се извршени правилно – изјави портпаролот на Комисијата, отфрлајќи ги наводите изнесени од ЕЦА.
Ревизорите се загрижени дека Италија и Шпанија, кои се меѓу најголемите корисници на парите од програмата за заздравување, се борат да ги потрошат редовните средства што им се доделени од ЕУ. Италијанските власти потрошија 67 отсто, а Шпанија 57 отсто од средствата во кохезионите фондови, што го поставува прашањето за нивната способност навреме и на соодветен начин да ги потрошат парите за заздравување на ЕУ.