Фото: Твитер/Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде предупредување до лицата кои се враќаат назад во ослободениот Херсон и други ослободени региони, да не влегуваат во подрачјата пред да бидат проверени од деминери.

– Уште еднаш ќе повторам за сите на деокупирано подрачје: Бидете многу внимателни! Русија сака да убива и откако побегна од нашата земја. Затоа мора да бидете многу внимателни – нагласи Зеленски.

Тој ги повика граѓаните да пријават сè што ќе им биде сомнително.

– Доколку зградата сè уште не е прегледана од деминери, немојте да влегувате во неа. Доколку патот сè уште не е проверен, ве молиме да го заобиколите – додаде претседателот на Украина.