Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача на својот ирански колега Масуд Пезешкијан да направи се што е во негова моќ за да избегне ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
– Тој додаде дека циклусот на насилство мора да престане – се вели во соопштението на Елисејската палата. Двајцата лидери разговарале телефонски.
Макрон рече дека Иран треба да ги повика „дестабилизирачките земји што ги поддржува“ да покажат воздржаност за да избегнат конфликт.
Тензиите во регионот се зголемија по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатата недела и по израелскиот напад врз Бејрут во кој загина командантот на Хезболах, Фуад Шукр.