Фото: Мајк Џонсон/Инстаграм

Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер се повлече.

Тој е четвртиот номиниран кандидат откако тројца други не успеаја да добијат доволно поддршка од колегите.

Џонсон е избран по три круга гласање, пренесува „Би-би-си“.

Останува нејасно дали Џонсон, на денешното гласање, ќе има 217 гласови што му се потребни за да стане претседател на Претставничкиот дом на САД.

Во гласањето, како што пренесува „Си-ен-ен“, Џонсон бил на второ место зад Емер, пред претставникот на Минесота да се повлече откако поранешниот претседател Доналд Трамп се изјасни против него, а противење имало и од некои конгресмени од редовите на Републиканската партија.

Во последниот круг на гласање, Џонсон добил 128 гласа, додека конгресменот Бајрон Доналд бил втор со 29.

Гласањето за нов претседател на Претставничкиот дом доаѓа откако на почетокот на месецов, дотогашниот претседател Кевин Мекарти, беше сменет од функцијата откако некои негови сопартијци се побунија против него што е првпат во историјата на земјата членовите на Претставничкиот дом да го разрешат претседателот.