Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Тој ја коментираше темата за нуклеарниот арсенал на Русија на церемонијата на инаугурација на командантот на Стратешката команда на САД, која го надгледува американското нуклеарно оружје.
– Кремљ ја продолжува својата брутална и неиспровоцирана војна против Украина, а целиот свет го виде Путин како се впушта во крајно неодговорно ѕвецкање со нуклеарно оружје – рече Остин.