Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупредува на „реална опасност“ од трета светска војна и го обвинува НАТО дека води т.н. заменска војна против Русија. Русија смета дека испораката на оружје на НАТО на Украина е оправдана цел за напад.
„Се разбира, ова оружје ќе биде легитимна цел за руските воени сили“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за руската телевизија, споделено на телеграм-каналот на руското министерство за надворешни работи. Магацини, меѓу другото и во западна Украина, веќе беа цели на такви напади. „Како да биде поинаку? Ако НАТО преку заменик влегува во војна против Русија и го вооружува тој заменик, тогаш во војната ќе се прави она што мора да се прави“, изјави Лавров.
Тој во интервјуто предупредува и на опасност од трета светска војна
„Опасноста е сериозна, таа е реална, не смее да се потцени“, вели рускиот министер за надворешни работи.
Пошироката меѓународна заедница ѝ дава воена поддршка на Украина, а не НАТО, одговори во вторникот секретарот на британските вооружени сили, Џејмс Хипи, откако рускиот министер за надворешни работи рече дека западната алијанса е вклучена во војната со Русија.