Фото: Најиб Букеле/Твитер

Властите во Ел Салвадор предводени од претседателот Најиб Букеле безрезервно веруваа во финансискиот успех што ќе им ги донесат вложувањата во биткоин, најавувајќи големи планови за подигање на „биткоин-град“, откако ја усвоија најпопуларната светска критповалута како средство за плаќање, но се чини дека ваквата определба не ги исполнува очекувањата, според последните анализи на финансиските експерти.

Салвадор ќе го подига првиот „биткоин-град“ инспириран од Александар Македонски

Салвадор е во најголем економски ризик меѓу државите од Латинска Америка според проекциите на „Блумберг економикс“, откако катастрофалната должничка криза во Шри Ланка ги поттикна економските аналитичари да состават листи на држави кои би можеле да бидат погодени следни, пренесува „Форин полиси“.

Салвадор со насмевка се пробива низ крипто-зимата, верувајќи во биткоинот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) гласно го критикуваше финансиското управување на владата на претседателот Најиб Букеле, кој откако стапи на функција во 2019 година, дозволи трупање на јавниот долг додека презема и ризик со усвојување на криптовалутата биткоин како средство за плаќање. Според ММФ, одлуката за биткоинот носи ризици за финансиската стабилност и интегритет, како и за заштитата на потрошувачите.

Чувајте се од „голиот“ претседател што тргува со биткоин

Владата на Букеле треба да исплати 800 милиони долари во обврзници на кредиторите во јануари, при што моментно нема средства да ја реализира уплатата. За да надомести за недостигот на пари, Салвадор од минатата година е во преговори со ММФ во обид да добие заем од 1,3 милијарди долари. Но постојат политички пречки за добивање на парите од ММФ, бидејќи САД спроведуваат кампања на санкции против „корумпираните и недемократски лидери“ во Салвадор.

Салвадорската биткоин-револуција ги јаде своите деца

Ако ММФ го одобри заемот треба да се види дали зделката ќе вклучува барања за „добро управување“ на политичките прашања за кои САД се обидоа да имаат влијание. Доколку зделката со ММФ не биде склучена, Букеле, наводно, ја разгледува можноста за национализација на дел од пензиските фондови, како и на воведување нови даноци.