Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот да не ѝ отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија окупирана од почетокот на војната, во идните мировни преговори.
Кисинџер во изјавата за германската државна телевизија „Зе-Де-Еф” нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса и го повика Западот независно околностите да биде јасен во однос на тоа за што може, односно не може да се разговара.
Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците, нагласи поранешниот американски државен секретар пет месеци од почетокот на војната во Украина.
Кисинџер одигра клучна улога во обликувањето на американската надворешната политика од крајот на 60-те до крајот на 70-те години на минатиот век, прво како советник за национална безбедност, а потоа како државен секретар. Во 1973 година тој ја доби Нобеловата награда за мир за договорот за прекин на огнот и договорот за повлекување од тогашниот Северен Виетнам.