Фото: Пиксабеј / Илустрација

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на систем против беспилотни летала на Катар, во вредност од една милијарда долари, објави Пентагон.

Главни изведувачи на работите ќе бидат „ Рејтеон технолоџис“ (Raytheon Technologies), „СРЦ“ и „ Нортроп громан“ ( Northrop Grumman).

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон го известила Конгресот за можната продажба на антидрон системи на Катар.