Фото: Пиксабеј

Јапонија побара од Русија да не одржува вежби во областа околу спорните северни острови меѓу двете земји, каде Москва планира да одржи воена вежба, објави денеска портпаролот на јапонската влада.

Јапонија ги нарекува јужните Курилски острови Северни територии и смета дека неколку острови ѝ припаѓаат.

Станува збор за територијален спор кој датира од крајот на Втората светска војна, кога советските трупи ги зазедоа островите од Јапонија.

„Вложивме силен приговор, а тоа е дека Северните територии треба да бидат изземени од вежбите“, рече заменик-началникот на Генералштабот на јапонската влада, Јошихико Исозаки.