Четири мали деца, кои беа пронајдени живи во јужна Колумбија, пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, се во болница во Богота во стабилна состојба.
Децата се истоштени, но среќни, велат нивните блиски кои не можат да ја опишат нивната среќа што малечките се пронајдени по повеќе од 40 дена.
-Ги видов моите внуци. Што е најважно, тие имаат живот во себе. Иако се многу исцрпени, тие се во добри раце – изјавила нивната баба Фиденсио Валенсија.
Како четирите деца сами преживеаjа 5 недели во џунгла
И дедото е пресреќен.
-Среќни се што го гледаат своето семејство. Добри се. Тие се деца на дивината, знаат како да преживеат во џунглата – вели гордиот дедо.
Децата, кои се членови на племето Хуито, беа спасени во петокот откако 40 дена талкале во џунглата. Едногодишната Кристина, Солеини (9) и Тиен Нориел (4) се живи благодарение на нивната сестра Лесли (13), која е вистинска хероина.
-Преживеаја јадејќи брашно, кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семки – вели дедото.
Бабата кажа дека борбеноста на нејзината најстара внука била пресудна за децата да преживеат во ужасите на џунглата.
-Таа се грижела за своите браќа и сестри. Им дала да го изедат тоа брашно, малку леб што имало и бобинки што ги нашле – вели бабата.
По пет недели пронајдени живи во џунглата четирите деца, исчезнати во авионска несреќа во Колумбија
Децата беа пронајдени на околу пет километри од урнатините на авионот Цесна во кој летале со нивната мајка и уште двајца возрасни.
Според Националната организација на американските индијански народи на Колумбија, важен фактор кој одиграл улога во нивниот опстанок е фактот што тие се автохтони.
-Токму оваа посебна врска со природата ги дефинира. Преживувањето на овие деца е сведоштво за знаењето и односот што домородното население го одржува со природата, врска што се учи уште од времето кога се во утробата на нивната мајка – се наведува.
🌿✨ A Tale of Resilience: President Petro and his family visited the four Colombian children lost in the jungle for 40 days after an aeroplane accident. Follow their incredible path to recovery 🙏 #OperacionEsperanza 🌱🌍 pic.twitter.com/10dRV5urlw
— Embassy of Colombia in the United States (@ColombiaEmbUSA) June 11, 2023