Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата.
Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува „Би-би-си“.
Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани.