Нуклеарна електрана „Запорожје“/Фото: Енергоатом

Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“.

Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“.

– Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос – соопшти „Енергоатом“ на Телеграм.

Оттаму додадоа дека „како резултат на тоа, реакторот шест, што ја снабдува електраната со струја, исклучен е од мрежата“.

Подрачјето на електраната изминатите месеци постојано се гранатира, а Москва и Киев за тоа меѓусебно се обвинуваат.