Фото: ЕПА

Иран денеска соопшти дека во вселената лансирал капсула чии патници се животни, со цел да се подготви да испрати астронаути во наредните години.

Министерот за телекомуникации Иса Зарепур изјави дека капсулата била лансирана со помош на ракета-носач Салман од иранско производство на надморска височина од 130 километри во орбитата, објави официјалната иранска новинска агенција.

Зарепур рече дека капсулата тежи околу 500 килограми.

Нема информации за тоа какви животни има во капсулата, која е произведена од Институтот за аеронаутички истражувања при Министерството за наука, истражување и технологија на Иран.

Најавата следи 10 години откако Иран објави дека испратил два мајмуни во вселената и безбедно ги вратил назад.