Фото: Нова Македонија

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок при слетувањето на аеродромот за во официјална посета на Кина, не била пречекана од ниту еден кинески официјален претставник, пишува „Политика.рс“.

– Дека немало добредојде за германската министерка Аналена Бербок покажуваат видеата од аеродромот во Пекинг. По излегувањето од авионот, германската министерка делуваше збунето додека чекореше по пистата на која покрај кинеската делегација, недостасуваше и црвениот тепих, вообичаен за пречек на дипломати од нејзин ранг – пишува весникот.

Бербок, како што пренесува медиумот, се нашла опкружена со неколку фотографи, сниматели и работници од обезбедувањето на аеродромот, а потоа набрзина се упатила кон автомобилот, кој, судејќи според снимката, исто така го немало.

Бербок доаѓа шест месеци откако германскиот канцелар Олаф Шолц дојде во Кина на покана на премиерот Ли Џијанг. За разлика од неговата посета во 2022 година, кога беше пречекан со почести, Шолц доби сличен прием во Кина оваа година, каде што го пречекаа неколку новинари и заменик-градоначалникот на Пекинг.

Засега не е позната причината за посетата, ниту пак темите кои ќе бидат предмет на разговор меѓу кинеските власти и германската министерка Аналена Бербок.