Фото: Принтскрин

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ја пробиле одбраната на Хамас околу градот Газа, од север и од југ.

Како што јави „Тајмс оф Израел“, тој рекол дека армијата ја контролира надземната област на северот на Газа, особено во градот Газа.

– Ја овластив армијата да продолжи да напредува и денеска и во наредните денови за да ги заврши задачите. Нема да има безбедно место (за Хамас) додека не ја завршиме нашата мисија и не ги вратиме заложниците – нагласи Галант.

Во врска со нападите на Хезболах од Либан врз северен Израел, Галант рече дека „безбедноста на жителите на северот и на жителите на југот е подеднакво важна“.

– Ќе знаеме што да правиме против секоја закана – изјави израелскиот министер за одбрана.