Светската здравствена организација (СЗО) вели дека околу една третина од европските нации се сведоци на пораст на случаи на ковид-19 по олеснувањето на ограничувањата за носењето маски и другите социјални интеракции. Земјите што се издвоени како причина за загриженост се Кипар, Германија, Грција, Франција, Велика Британија, Италија и Ирска. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханг Клуге, верува дека државите што забележаа најдрастични зголемувања во бројот на нови случаи се оние што неодамна нагло ги укинаа рестриктивните мерки. И покрај тоа, Клуге останува оптимист за пандемијата во Европа, поради имунитетот што е стекнат преку вакцините, доаѓањето на пролетта и тоа што доминантната варијанта омикрон е помалку смртоносна од претходните.