Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека наводите за плановите на руските власти за убиство на украинскиот претседател Владимир Зеленски се неточни, пренесе РИА Новости.

„Не, тоа не е точно“, рече Песков во интервју за француски ТВ-канал, одговарајќи на прашање.

Тој рече дека Русија е заинтересирана Владимир Зеленски да се согласи со условите поставени во руско-украинските преговори.

– Тој е претседател на Украина и ние сме заинтересирани тој да се согласи со условите на Руската Федерација, за кои руската делегација јасно го информираше. Сакаме да ја завршиме воената операција преку преговори – рече Песков во интервју за француската телевизија.