Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека минатонеделните разговори со шведската и финската делегација „не биле на очекуваното ниво“, додавајќи дека Анкара не може да го одобри нивното барање за влез во НАТО.

– Се додека Тајип Ердоган е на чело на Турција, дефинитивно не можеме да кажеме „да“ на земјите кои го поддржуваат тероризмот – рече Ердоган.

Без поддршка од сите членки на НАТО, Шведска и Финска не можат да се приклучат на воената алијанса.

И Шведска и Финска негираат дека ги поддржуваат курдските милитанти, кои Ердоган ги смета за терористи. Но, и Финска и Шведска се приклучија во воведувањето ембарго за оружје на Турција, откако Ердоган нареди операции против курдските групи во Сирија.