Најмалку 16 лица загинаа кога градска менза во југозападниот мегаград Чонгкинг синоќа се урна по експлозија на гас, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Десет лица се здобиле со сериозни повреди, јави Ксинхуа.

Првично беше соопштено дека повеќе од 20 луѓе биле затрупани во експлозијата во ресторан кој ги опслужувал околните канцеларии на градската управа.

Сите жртви кои биле затрупани под урнатините по експлозијата во градскиот округ Вулонг се извлечени, јави Ксинхуа.