Two table flags of Macedonia (FYROM) and Kazakhstan

Засега само двајца македонски државјани се обратиле до амбасадата во Казахстан, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено; но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба.

Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. И покрај честиот прекин на интернетот и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации, велат од МНР.

Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.

Дополнително, МНР информира дека дипломатскиот персонал во македонската Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба.