Фото: Принтскрин / Јуроњуз

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска изјави дека израелската влада допрва треба да заземе став што дозволува отворање на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа.

Тој нагласи дека Египет има за цел да го задржи преминот отворен.

Утринава има одредено движење на камиони со гориво под знамето на ОН на границата, но преминот меѓу Египет и Газа остана затворен.

На преминот се уште се собрани голем број луѓе и семејства, за кои се смета дека се лица со двојно државјанство.