Договорената декларација на мировниот самит за Украина, што се одржува во Швајцарија, ја потпишаа 85 земји, меѓу кои и Македонија.
Сепак, земјите од БРИКС, како и Мексико, Индонезија и Тајланд, не ја потпишаа завршната изјава, објавија швајцарските медиуми.
Завршната декларација ја потпишаа 85 земји и институции од околу стотина делегации кои учествуваа на состанокот во швајцарското одморалиште Биргеншток, во близина на Луцерн.
Потписниците на декларацијата, вклучително и Украина, сметаат дека учеството и „дијалогот на сите страни“ се неопходни за постигнување мир – пренесе „Танјуг“.
Ерменија, Бахреин, Бразил, Ватикан, Индија, Индонезија, Либија, Мексико, Саудиска Арабија, Словачка, Јужна Африка, Швајцарија, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати не го потпишаа документот.