Бројните кризи и нестабилната светска состојба го загрозуваат глобалниот развој, смета генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, јави ДПА.

– Се среќаваме во момент на голема опасност за нашиот свет. Конфликти и климатска катастрофа. Недоверба и поделба. Сиромаштија, нееднаквост и дискриминација. Растечки цени на храна и енергија – наброја Гутереш за време на денешното обраќање во Њујорк.

Како што тој додаде, секоја опасност ги турка Целите за одржлив развој „подалеку надвор од дофат“, но, оти сè уште можат да се спасат.

Светските лидери се согласија за Целите за одржлив развој во 2015 година. Седумнаесет цели треба да се реализираат до 2030 година, меѓу кои и да се стави крај на екстремните сиромаштија и глад, подобрување на глобалното образование и борба со климатската криза.