Фото: Принт-скрин

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе областа во близина на грчкиот остров Лефкада.

Земјотресот се случил на 287 километри западно/северозападно од Атина, а епицентарот бил во морската област осум километри западно/југозападно од градот Василики Лефкада, пренесува „Катимерини“ повикувајќи се на соопштение од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) претходно соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од два километра и бил со јачина од 5,2 степени.

Нема извештаи за повредени или материјални штети, според „Грик рипортер“.