Хрватска

Според Уставниот суд на Хрватска, одлуката за задолжителните потврди за ковид-19 во здравството и социјалната заштита е во согласност со Уставот.
– Штабот за превенција од пандемијата беше овластен да ја донесе мерката што беше посветена на здравјето на луѓето, особено на ранливите групи, болните и оние во системот на социјална заштита. Таа е уставна и не се коси со човековите права – изјави претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, за новинарите.

Според него, она што е клучно за одлуката е тоа дека таа не подлежи на дискриминација. Во исто време, опозицијата во земјата ги обвинува институциите дека по налог на владејачката партија тие го прекинале евентуалниот референдум за ковид-сертификатите, додека аналитичарите се убедени дека дел од хрватската јавност ќе се спротистави на задолжителната употреба на сертификатите во земјата.