Фото: Фејсбук/Амбасада на САД во Србија

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека „би сакал Србија да сфати и да признае дека Косово е независна држава“.

– Луѓето велат дека Србија едноставно треба да разбере дека Косово е независна држава, да го преболи тоа и да продолжи понатаму. И јас би сакал да го стори тоа, но факт е дека проблемот е многу покомплексен – рече Хил.

Зборувајќи на Белградската безбедносна конференција (БСЦ), Хил оцени дека Србија и Косово на крајот ќе треба да дојдат до политичко решение за кој и да утврдат дека е одговорен за настаните во Бањска на северот на Косово.

– Сега имаме проблем што треба да се реши. Кој и да е одговорен за тоа, ние ќе мора да имаме политичко решение, ќе мора да седнеме и да сфатиме што е фер – рече Хил, говорејќи на Белградската безбедносна конференција.

Тој изјави дека ова решение подразбира „некаков статус“ за Србите на Косово, а од друга страна „поголема интернационализација“ за Косово.

– Треба да ги охрабриме двете страни да се слушаат една со друга – потенцираше Хил.